Профил
Arcuss Design е компанија која успешно делува од 2000 година. Специјализирана е за графички дизајн и производство на печатени материјали со врвен квалитет. Денес печатницата нуди целосна услуга, од креативен дизајн преку висококвалитетно печатење до професионална доработка на производите. Квалитетот е наш предизвик и цел.


Структура
Во Arcuss Design моментално се вработени 24 лица од различен образовен и стручен профил (академски сликари, графичари, архитекти, дипл. ел. инженери, економисти...). Еден краток пресек на организационата структура би изгледал вака: раководство, маркетинг и продажба, производство (дизајн и подготовка, печатење, доработка) и финансии.


Стратегија и визија
Следење на новите трендови и технологија во печатењето.
Освојување на купувачите со постојано подобрување на квалитетот на услугите.
Одговорност и доследност во извршување на задачите.
Работење со строга посветеност на квалитетот за да создадеме производ кој на нашите клиенти ќе им помогне и самите да го унапредуваат својот бизнис.
Целосно задоволство на клиентите е нашата цел.


Сертификати

Воведување на стандарди во работењето е неопходно за успешно спроведување на работните задачи. Затоа воведовме интегриран систем за управување со квалитет и животна средина кој е имплементиран, документиран и се управува согласно барањата на стандардот ISO 9001:2015 и ISO14001:2015.Успешната имплементација е потврдена со издавање на серификати од страна на реномираната и авторизирана сертификациона компанија TUV NORD. Со тоа само се потврдува нашата посветеност на подобрување на квалитетот на работата и животната средина со крајна цел , задоволување на барањата и потребите на нашите клиенти.